21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ужас: Силувано 14 годишно девојче, побаран притвор за осомничениот

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, согласно член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 19-годишник, на 12 април, во близина на маркет кај старите згради на Државниот универзитет во Тетово, со употреба на сила и закана, извршил полов напад врз 14-годишно девојче. Тој, заедно со уште едно непознато лице, ја пречекале жртвата во една уличка додека одела кон маркетот. Осомничениот, инаку нејзин сосед, ја повлекол за раката кон паркирано возило во близина. Другото лице го отклучило автомобилот, по што осомничениот ја удрил оштетената по лицето и ја натерал да влезе внатре на задното седиште. Со возилото управувало непознатото лице, кое ги заклучило вратите и ги одвело 200 метри подалеку, по што го паркирало возилото и излегло. На задното седиште останале осомничениот и оштетената, а тој со употреба на сила го принудил девојчето на полови дејствија. Потоа му се јавил на непознатото лице и заедно со автомобилот ја вратиле жртвата од местото каде што ја зеле. Осомничениот и се заканил дека ќе ја убие доколку каже некому за настанот.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека тој би можел да се даде во бегство да влијае врз сведокот/жртвата или да го повтори делото. Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Спонзорирано: