Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСвест

Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби во Вашингтон: Гувернерите на централните банки и министрите за финансии ќе разговараат за светската економија

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими, ја предводат делегацијата од нашата земја којашто учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Во делегацијата на Народната банка на овие средби ќе земе учество и вицегувернерот Фадил Бајрами.

Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на ММФ, СБ и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), како и со претставници на други меѓународни финансиски организации и институции.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Бајрами на претстојните Пролетни средби ќе одржат одделни состаноци со заменик-директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, како и со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, и со извршниот директор на ММФ, Пол Хиберс. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе стане збор за економските состојби во нашата земја и за одлуките на монетарната политика којашто придонесува за постепено стабилизирање на инфлацијата.

Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.

Во рамките на Пролетните средби, Ангеловска-Бежоска ќе одржи состаноци и со високи претставници на Светската банка, заменик-претседателката на СБ, Антонела Басани и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Коен Давидсе. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата, каде што ќе се разговара за предизвиците со кои се соочуваат членките во контекст на тековните глобални финансиски и геополитички движења.

Одржувањето на Пролетните средби секоја година на едно место ги собира носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки, кои ќе разговараат за економската криза предизвикана од пандемијата, ценовната криза, последиците од војната во Украина и за политиките како одговор на овие предизвици за да се постигне раст, еднаквост и напредок.

Можеби ќе ве интересира

Фриленсерите сè погласно бараат пристап до финансиски инструменти, Diners Club Macedonia ги препознава нивните потреби

ДЕСК

Истражувањето на ЕБОР прикажува родова нееднаквост во пристап до климатското финансирање и препорачува мерки за овозможување на зеленото финансирање подостапно за жените

ДЕСК

Стопанската комора на Северна Македонија го изработи првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата со поддршка од ЕИБ Глобално

ДЕСК