Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Костадинов: Не сме веќе заробена, туку демократска и граѓанска држава

Судскиот систем треба да биде посебна власт, но изгубената доверба во повеќе Извештаи и истражувања на јавното мислење станува проблем со кој мора системски да се зафатиме, рече потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов во гостувањето во ТВ24.

-Не можеме да унапредуваме во друга сфера ако немаме правичност и правда, ако не функционирраат институциите, ако оние кои нанеле штета како функционери немаат одговорност. Секој треба да биде свесен дека во одредени сфери покажуваме напредок. Денеска Македонија е демократија со одредени недостатоци, а претходно бевме заробена држва. Но мораме да работиме на правосудството, рече Костадинов.

Според него јасна е поделбата којашто е направена во општеството.
-Но како млад човек верувам дека таму треба да посветиме многу сила и да покажеме дека правосудниот систем функционира. Сите имаме некаква перцепција и затоа недвосмислено зборувам дека треба да се зафатиме со сериозна реформа. Но, како млад човек сум сигурен дека нематеријалните услови и фактори се многу позначајни од самите егзистенцијални фактори. Затоа од сите нас зависи какво општество ќе развиваме. Во многу наврати сме биле сведоци како условите во кои живеееме се задушени од политиката, рече Костадинов.

Тој додаде дека не само во правосудниот систем, туку политиката треба да биде надвор од многу сфери.
-Нашиот фокус треба да биде на развивање на граѓанска држава, заклучи Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК