Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Работна средба за унапредување на парламентарната етика

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието, пратеници, претставници на службата и експерти од областа, присуствуваа на работна средба на која се дискутираше за процесот на унапредување на системот на парламентарната етика.

Средбата беше во организација на Програмата за парламентарна поддршка (ППП), Центарот за управување со промени (ЦУП) и Националниот демократски институт (НДИ).

На средбата беа презентирани и наодите од истражувањето на перцепцијата на граѓаните за етичкото однесување на пратениците, кое го спроведе ЦУП.

Настанот се одржа во просториите на Парламентарниот институт во Собранието на Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК