23. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОРвест

Ковачевски: Само за една година имаме нови 181 мегавати од обновливи извори

Со правилни политики ја развиваме зелената транзиција, затоа што наш приоритет енергетската независност, нашата земја веќе е регионален лидер во енергетската транзиција, со огромен потенцијал да стане зелен енергетски хаб, нагласи премиерот Димитар Ковачевски презентирајќи го годишниот финансиски извештај на АД ЕСМ за 2022 година.

-Континуирано расте интересот за инвестиции во обновливи извори. Само од 1 јануари 2022 година до 28 февруари годинава, во земјава има изградено и пуштено во употреба нови фототанапонски централи со инсталиран вкупен капацитет од 181,2 мегавати од обновливи извори што можат да ги задоволат потребите на 72.500 домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија. Односно, со овие капацитети од обновливи извори на енергија во коишто дел се изградени и од страна на ЕСМ на старите наоѓалишта на рудникот во Осломеј и кој заедно свечено ги пуштивме во употреба може да се задоволат потребите на домаќинства од осум градови: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Свети Николе, Ресен и Дојран. Во првите два месеца од годинава во државата има нови 88 фотонапонски електроцентрали со моќност од 29 мегавати за производство на струја кои се стекнале со лиценци за работа и произведуваат електрична енергија, рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ: Дали линеарното зголемување од 1.000 денари во септември ќе го изеде инфлацијата и скапотијата?

ДЕСК

Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Владата ја засилуваат контролата

ДЕСК

ДОДЕКА ИНФЛАЦИЈАТА ГАЛОПИРА, ПАЃА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Во јуни била 45.469 денари, помалку за околу 300 денари од претходниот месец

ДЕСК