Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Заврши владината седница: Донесени серија одлуки

Соопштение на Владата:

Поради важноста за реализација на започнатите проекти за изградба на патните правци Скопје – Блаце, Кичево – Букојчани, железницата Кичево – Лин, заедничките гранични контроли со Република Албанија и Република Косово и реализацијата на Коридорот 8, Владата на Република Северна Македонија го назначи д-р Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, за координатор за следење на работите и за координација на сите активности, со цел нивна навремена реализација.

На денешната владина седница се донесени и други кадровски одлуки. Со нив, Александар Миљовски е разрешен од должноста в.д. директор на ЈУ „Национален Парк Галичица“ – Охрид, на негово барање. Владата одлучи да го именува Александар Бузлевски за в.д. директор на ЈУ „Национален Парк Галичица“ – Охрид.

Владата донесе и одлука Розита Благојевиќ да ја разреши од должноста директорка на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците. Одлучено е Драган Угреновиќ да биде именувам за директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците.

Можеби ќе ве интересира

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК

Трагедија: Му се слошило, па со автомобилот излетал од патот – почина возач

ДЕСК

Трагедија: Починат 47 годишен маж донесен во болница

ДЕСК