Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски: Рамо до рамо со народот ќе го победиме евтиниот популизам до победа за европска Македонија

Инфлацијата ја зауздавме, но она што сигурно остана е деструктивната континуирана омраза на опозицијата кон народот преку апокалиптични сценарија за колапс, рестрикции и недостаток на храна, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, најавувајќи теренски активности на партијата.

-Граѓаните денеска прават разлика за тоа кој седи на страна и блокира, а кој менаџира процеси во криза. Деструктивниот, потпалувачки опозициски наратив, под секое ниво не е добар за општествеото и има само една цел – да ја уназади европска Македонија. Но ние тоа на пироманите од Левица и ВМРО-ДПМНЕ нема да им го дозволиме, рече Ковачевски.

Според претседателот на партијата, СДСМ е рамо до рамо со граѓаните и да ги разобличи промашените пропаганди, да ги трасира победничките политики и да го порази евтиниот популизам.

-Македонската држава е фактор на стабилност во регионот, претседавач со ОБСЕ и кредибилен партнер на ЕУ и САД. На иста маса, рамо до рамо со големите демократски сили. СДСМ рамо до рамо со граѓаните. Доаѓаме со јасна порака – напредокот продолжува. Големи промени очекувајте во оваа и наредната година. Економијата ќе продолжи да расте и да се развива, продолжува растот на платите и на пензиите. СДСМ никогаш нема да се откаже од европската иднината на земјата. Ќе направиме се да го продолжиме патот кон Европа. И покрај евтиниот популизам и непромисленоста од лажните патриоти и националисти, да ги преминеме сите препреки кои ќе наидат на нашиот пат. Рамо до рамо со народот, ќе продолжиме да се бориме за подобро утре и да ја завршиме работата, затоа што тоа им го должиме на нашите деца, на сегашните и идни генерации. Рамо до рамо до победа! Победа за европска република, за европска Македонија, истакна Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК