Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ПОЛИЦИЈАТА МУ ВЛЕЗЕ ДОМА: Претрес во Велес, пронајдени халуциногени печурки, марихуана.. (фото)

Денеска (05.04.2023) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Велес- Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно добиени сознанија и добиена судска наредба, извршија претрес во дом на М.П. (27) од Велес. При претресот се пронајдени халуциногени печурки, пакувања со марихуана и шприц со хашиш смола.

Дополнително е извршен претрес во куќа која М.П. ја користел, при што се пронајдени банкарски картички, документи со евиденции за продажба на дрога, лап топ компјутери… М.П. е лишен од слобода во СВР Велес и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Велес.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК