25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Се повлекуваат овие два производи од продажба кои можеа да се најдат во DM – Дали може да предизвикаат симптоми?

– dm дрогерие маркт превентивно го повлекува од продажба производот dmBio тамари бадеми, 50г, велат од ДМ и додаваат:

Само шаржа 0722121202 и рок на траење 15.12.2023 и 0722112901 и рок на траење 1.12.2023

dm дрогерие маркт, со цел заштита и превенција на своите купувачи, ги известува дека превентивно го повлекува од продажба производот dmBio тамари бадеми, 50г со шаржа 0722121202 и рок на траење 15.12.2023 и 0722112901 и рок на траење 1.12.2023 од сите земји од концернот во кои истиот е достапен. Останатите производи од асортиманот на dmBio не се погодени со ова повлекување. Бројот на шаржа и рок на употреба се лесно видливи на задната страна на пакувањето на производот, во белото поле во левиот долен дел на пакувањето.

Во моментов во Македонија, наведените шаржи и рокови на траење не се наоѓаат во продажба.

Причина за повлекување: Не може да се исклучи можноста дека во поединечни пакувања на производот има зголемена количина на горки бадеми.

При консумирање на горки бадеми, при варењето се ослободува цијановодородна киселина. Во одредени околности тоа може да доведе до симптоми како што се главоболка, мачнина или повраќање, кои се појавуваат брзо по консумирањето. Во случај на појава на вакви симптоми потребно е да побарате лекарски совет.

Квалитетот на нашите производи и заштитата на нашите купувачи е наш највисок приоритет, заради што им се извинуваме на сите наши купувачи за можните непријатности, а за сите дополнителни прашања стоиме на располагање преку нашата официјална Е-маил адреса за контакт: Info@dm.mk.

dm дрогерие маркт превентивно го повлекува од продажба производот dmBio мус од сусам TAHIN, 250 г
со рокови на траење 21.2.2025 и 25.2.2025

dm дрогерие маркт, со цел заштита и превенција на своите купувачи, ги известува дека го повлекува од продажба производот dmBio мус од сусам TAHIN, 250 г со рокови на траење 21.2.2025 и 25.2.2025 од сите земји од концернот во кои истиот е достапен.

Во моментов во Македонија, наведените рокови на траење не се наоѓаат во продажба. Како мерка на претпазливост ги повикуваме купувачите, доколку имаат купено производ dmBio мус од сусам TAHIN, 250 г. да го проверат рокот на употреба, кој е лесно видлив на задната страна на пакувањето на производот. Во случај да поседуваат производ со некој од наведените кризни рокови, истиот да го вратат во најблиската dm дрогерија, каде ќе добијат замена на производ или поврат на средствата. Производите може да се вратат во која било состојба, отворени или неотворени, без приложување на фискална сметка.

Причина за повлекување: Не може да се исклучи можноста дека во споменатиот производ може да се пронајде салмонела. Консумирање на храна во која е присутна оваа бактерија може да доведе до стомачни болки, потешкотии и блага покачена телесна температура. Симптомите вообичаено исчезнуваат после неколку дена. Во случај на потешки симптоми и подолго траење на истите, потребно е да побарате лекарски совет.

Им се извинуваме на сите наши купувачи за можните непријатности, а за сите дополнителни прашања стоиме на располагање преку нашата официјална Е-маил адреса за контакт: Info@dm.mk, се вели во соопштението на ДМ.