Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
https://www.youtube.com/watch?v=fbDACrGDapA
МАКЕДОНИЈА

Апсења на повеќе локации низ Македонија – Полицијата објави детали

СООПШТЕНИЕ / БИЛТЕН НА МВР:

Во текот на вчерашниот и денеска (31.03. и 01.04.2023) во Гостивар, полициски службеници од Полициска станица Гостивар ги лишиле од слобода лице (32) и лице(26), двајцата од Гостивар и лице (37) од с.Србиново, гостиварско. За трите лица биле издадени судски наредби со кои се барале за издржување на казни затвор, поради сторени кривични дела „кражба“, казниви по чл. 235 од Кривичниот законик. Лицата се спроведени и предадени во Казнено поправна установа Затвор Тетово за издржување на затворските казни.

На 31.03.2023 во 20.55 часот на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје лишиле од слобода лице од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор од две години за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

На 01.04.2023 во 01.15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници лишиле од слобода лице (37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 01.04.2023 во 01.15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода лице (29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 01.04.2023 во 00.50 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници лишиле од слобода лице (31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 01.04.2023 во 02.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром, полициски службеници глишиле од слобода лице (45) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ, ГРМЕЖИ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија неколкудневна прогноза

ДЕСК

Трагедија: Македонски државјанин на возраст од 20 години пронајден починат во Саранда

ДЕСК

Ужас во Македонија: Две жени полово злоставиле две дечиња од кои едното имало едвај 3 години, а другото 10 – мајката ги снимала и снимката ја пратила кај таткото

ДЕСК