17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Турски државјанин сакал да помине на „Табановце“ со непријавени 31.000 евра

Вчера на Граничниот премин Табановце, полицијата изврши преглед врз автомобил „порше кајен“ со романски национални ознаки, управуван од Ј.О.(60) од Република Турција.

При прегледот во возилото биле пронајдени и одземени непријавени парични средства во износ од 31.000 евра, соопшти МВР.

Парите се предадени на Царинска управа, а лицето е задржано за понатамошна постапка.

Ќе следи пријава.