14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Спасовски: Борбата која ја води МВР заедно со јавните обвинителства резултира со многу случаи по кои не само што имаме детектирано, туку и разбиено криминални групи насочени кон продажба на дрога

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

Токму борбата против трговијата со наркотични средства и трговијата со оружје е еден од приоритетите во борбата против организираниот криминал и кон тоа сме насочени целиот изминат период. Секако дека таа војна која ја води МВР заедно со јавните обвинителства резултира со многу случаи по кои не само што имаме детектирано, туку и разбиено криминални групи насочени кон продажба на дрога.

Најголемата акција беше на територија на Скопје во којашто имаше претерес на 5 локации и се уапсени 3 лица. За жал, тука имавме наставник кој учествува во образовен процес, а вкупната вредност на дрогата која би ја достигнала на црниот пазар е околу 500.000 евра разновидна дрога: амфетамини, кокаин, марихуана и хероин. Секако, тука беа пронајдени и оружје и, муниција, и тоа е една од најголемите акции за сузбивање на голема криминална група овде на територија на градот Скопје. Инаку, на територија на државата имаме околу 36 претреси во исто време направени, во кои се откриени поголеми количини на дрога, приведени 35 лица за кои се води постапка.

Тоа е активноста во која практично се преземаат мерки секојдневно за сузбивање на трговијата со дрога.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.