Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на 20 годишнината од основањето на Американскиот Универзитет на Европа

Фејсбук статус на министерот Оливер Спасовски:

Вечерва присуствував на свеченоста по повод одбележувањето на 20 годишнината од основањето на Американскиот Универзитет на Европа – ФОН. По тој убав повод во свое и во име на МВР упатувам срдечни честитки до раководството и академскиот кадар на оваа високообразовна институција, која низ годините се трансформираше во иновативен центар на квалитетно образование, следејќи ги европските и светските трендови и соработувајќи со бројни универзитети ширум светот, а со цел отворање на нови можности и перспективи за младите лидери носителите на општествените промени.
Ви посакувам успешна работа и во иднина како и продолжување на одличната соработка меѓу нашите две институции, во насока на градењето на европската перспектива на Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Падна банкарка од Тетово – примила 39.000 евра од лице, но никогаш не ги ставила на неговата сметка

ДЕСК

Полицијата пукала во воздух во Кавадарци, откако маж се однесувал агресивно и се самоповредил

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Се судриле две автомобили – еден тешко повреден, возачот на бмв побегнал

ДЕСК