20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ЕУ подарува бесплатни авионски билети за патување низ светот: Еве како да ги набавите, може да аплицираат и граѓаните на Македонија!

ЕУ дели бесплатни билети за патување на младите.

Европската комисија најави нова рунда од програмата DiscoverEu, во која ќе бидат поделени 35.000 билети на младите Европејци, вклучително и граѓаните на Србија, за бесплатно патување низ континентот.

Заинтересираните млади кои се полнолетни можат да се пријават до 29 март напладне, соопштија од Комисијата во четврток.

Граѓаните на Европската унија, како и на Исланд, Лихтенштајн, Северна Македонија, Норвешка, Србија и Турција, можат да аплицираат за 30-дневни Interrail билети кои ќе важат од 15 јуни оваа година до 30 септември следната година.

Програмата DiscoverEu започна во 2018 година на иницијатива на активистите Винсент-Имануел Хер и Мартин Шпер со идеја сите граѓани на ЕУ да добијат Interrail билет и можност да го запознаат својот континент на нивниот 18-ти роденден.

Според податоците на Комисијата, досега за вкупно 212.700 билети се пријавиле околу 916.000 млади луѓе.

Адресата на порталот за апликации на македонски јазик можете да ја најдете овде.

Спонзорирано: