Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Борел: Не се загрозува идентитетот со пристапувањето во ЕУ, тој ќе биде апсолутно зачуван

„Мислам дека Северна Македонија дава одличен пример на мултиетничко општество. Поради тоа измената на Уставот само понатаму ќе ги унапреди основните права, и не се сомневам дека со тоа ќе се зачува македонскиот идентитет. Истовремено ќе напредне процесот на пристапување. Вие не си го загрозувате вашиот идентитет со пристапувањето кон ЕУ, вашиот идентитет ќе биде апсолутно зачуван“ изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедносни прашања и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел во Скопје.

Тој додаде дека е оптимст и активист за членството на Северна Македонија во ЕУ.

„Да се оди нанапред значи да се продолжи со усвојување и импелентирање реформи кои воведуваат европски стандарди и носат конкретни политички и економски поволности. Да се оди напред значи и подобрување на односите со соседите и да се создаат услови да се усвојат уставните измени. Оваа година е клучна. По договорот од јули ова е најдобрата зделка што може да ја добиете и не е реалистично да очекувате дека преговарачката рамка ќе се отвори повторно да се преговара“ рече Борел.

Борел истакна дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и дека сега е време сите политички партии да си ги преземат своите обврски и искрено да работат на продолжување на оваа патека.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +