Повеќе од еден месец домашната, а пред се филмска и уметничка јавност, ја брануваат факти и информации изнесени од медиумите во кои се отвораат серија прашања за начините на кои во минатото биле доделувани и трошени државните пари за филмовите на Милчо Манчевски. Милионски доделени суми надвор од процедури и неисполнети обврски кон Филмскиот фонд се само дел од наодите во медиумските статии.
Но сега, се чини дека случајот добива нова димензија, откако претстедателката на невладината Транспаренси Интернешнл вчера излезе во јавност со барање за поништување на доделувањето средства од годинешниот конкурс на Агенцијата за филм, поради наводен конфликт на интерес.
Ветено сторено
Она што отвора сомнеж во целиот тек на дејства е коментарот на Тасева на фејсбук објавата на страницата на Милчо Манчевски, од 27 декември минатата година, во која тој споделува медиумска објава која имплицира дека тој требало да добие најмногу средства од конкурсот.
Во коментар на таа објава на Манчевски, Тасева ја најавува вчерашната нејзина реакција и “му ветува” постапка, а тука со свој коментар се надоврзува и претстадателката на ДКСК која периодов е под притисок на јавноста да отвори постапки токму за начините на трошење на државните пари за филмовите на Милчо Манчевски.
Сомнежот за непристрасноста на постапките на Тасева станува уште поголем ако се има предвид нејзината блискост со Манчевски која може да се забележи на фотографии објавени на нејзниот фејсбук.