Centar.mk
БИЗНИС

Бектеши: Покрај платите ги зголемуваме и пензиите за 8,4 отсто

По Одлуката за зголемување на минималната плата на 20.175 денари или 12%, согласно одлуката на Владата од март 2022 година со новата методологија за усогласување на пензиите, пензиите и во март ќе се зголемат за 8,4.

Законот за изменување и дополнување на законот за пензиско и инвалидско осигурување предвидува нов начин на усогласување на пензиите, при што при пресметката на пензиското усогласување се земаат предвид зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата.

Ова метода дава можност и за реално зголемување на пензиите во однос на платите, па со зголемувањето на просечната плата пензиите ќе продолжат да растат.

Усогласувањето на пензиите во март според методологијата ќе се зголеми за 8,4% (покачување на платите 6,1% и зголемување на трошоците за живот 10,6%), со што просечната пензија ќе се зголеми од 17.666 на 19.150 денари.

Можеби ќе ве интересира

Во маркетите цената на маслото, јајцата, сувомеснатите производи растат – литар масло повторно стигна околу 100 денари за литар

ДЕСК

ТИТАН Усје: Продолжувањето на А–интегрираната еколошка дозвола се одвива согласно законот и во соработка со надлежните институции

ДЕСК

dm ја промовираше платформата „Иднина која инспирира“ со заедничка волонтерска активност на повеќе од 100 присутни, донација и панел-дискусија

ДЕСК