Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИвест

СДСМ со убава вест: Следува раст на минималната плата

СООПШТЕНИЕ НА СДСМ:

СДСМ преку парламентарното мнозинство и институциите донесе системски решение за раст на минималната плата.

За само неколку години успеавме минималната плата да ја удвоиме и од 9.000 денари, денес таа изнесува 18.000 денари, при што веќе нема дискриминирани сектори кои добиваат плата по законскиот минимум како што тоа беше во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Но не застануваме тука, овие денови се очекува ново зголемување на минималната плата и се очекува таа да го надмине износот од 20.000 денари.

Со тоа, речиси една и пол година пред предвидениот рок, ќе го оствариме ветувањето за минимална плата од 20.000 денари, дадено пред граѓаните на парламентарните избори во 2020 година.

Растот на минималната плата ќе придонесе за зголемување на сите плати во државата, а со тоа и на просечната плата која сега изнесува над 34.000 денари.

Продолжуваме посветено да работиме на заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Претседателот на Комората, Азески, и Градоначалникот на Кавадарци, Јанчев, ја продолжуваат соработката во интерес на бизнис заедницата

ДЕСК

За девет месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра

C +

Инфлацијата достигна 4,5 отсто – Животот станува сѐ поскап, како преживуваат граѓаните со толку ниска минимална плата?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.