Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

СТУДЕН БРАН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА: Дожд, ветер над 60 km/h и снег на повисоките планини

Во текот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Утре и во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h.

Прогноза за 14.10.2026
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 12°C до 20°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h.

Прогноза за 15.10.2026
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 14°C до 21°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 16.10.2026
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Променливо облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ – Поранешниот пратеник и министер имаше 72 години

ДЕСК

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК