Centar.mk
БИЗНИСРЕГИОН

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ВО ХРВАТСКА: Дизелот поевтинува, плинот поскапува

Хрватската влада ги продолжи мерките за регулирање на малопродажните цени на горивата. Од 13 октомври бензинот ќе остане на 1,74 евра за литар, додека дизелот ќе се намали за еден цент и ќе чини најмногу 1,83 евра.

Поскапувањето е поизразено кај течниот нафтен гас – цената се зголемува за 12 центи по килограм и за големите резервоари и за боците. Новиот режим ќе важи седум дена, по што владата повторно ќе ги пресметува максималните цени.

Можеби ќе ве интересира

Азески на регионален бизнис форум – Го поврзуваме стопанството, градиме партнерства

ДЕСК

Дали постојаното отворање на фрижидерот навистина ја зголемува сметката за струја?

ДЕСК

Инстант плаќањата стануваат реалност – започнува нова ера во платежната инфраструктура во нашата земја

ДЕСК