Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Костадиновска-Стојчевска: Со вработувањето на лектори во институциите ќе се зголеми интересот за студиите по македонски јазик

„Потребата од вработување на лектори во сите државни институции беше еден од мотивите за пристапувањето кон изменување и дополнување на законот за заштита на македонскиот јазик. На тој начин како држава и државни институции ќе покажеме дека ние сме првите кои се залгаме за употребата на македонскиот јазик“ рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисијата „Објектив“ на МТВ.

Таа додаде дека на овој начин ќе се зголеми и интересот за студентите да студираат на програмите за македонски јазик.

„На крајот на денот навистина треба да ја зголемиме и свеста што значи да си го почитуваш сопствениот јазик, бидејќи ние како јазичари треба да одговориме на секоја општествена промена што се случува, но мора да си го зачуваме јазикот таков каков што ни е, уникатен, со свои особености онаков како што се гордееме“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека афирмацијата на јазикот треба да доаѓа од нас, од најмали нози и можеби тука е стратегијата за афирмација на македонскиот јазик која треба да препише некои други мерки каде треба да започенеме од најмали нозе.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода седум лица во акциска контрола на Мобилната единица при МВР, одземени три возила, изречени 16 мерки

ДЕСК

Лишени од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, 10 лица возеле без возачка дозвола, четири управувале под дејство на алкохол, еден со претходно изречена забрана

ДЕСК

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

ДЕСК