Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Малите пекарници тријат раце, феноменот со пробив на пазарот ќе се случи во целата прехранбена индустрија каде големите компании нереално и драстично ги поскапија цените на производите

Нереално високите цени на прехранбените и други производи и услуги, таму каде што вештачки се подигнати во екот и на бранот на кризата би можеле да станат минато.

Според познавачите на состојбите феноменот со пробивот на малите пекарници на пазарот со цени пониски и од замрзнатата цена на лебот би можел да се преслика речиси во секој сектор на прехранбената индустрија или пак други сектори.

Ова е вистинско време за малите бизниси да се пробијат на пазарот со реални цени со кои исто така би креирале добар профит, наспроти огромниот профит кој го прават сега поголемите лакоми бизниси кои се обидоа да ја искористат кризата и немањето реална конкуренција.

И денеска во маркетите можеше да се забележи леб од 33 денари и тоа испорачан исклучиво од малите пекарници, додека големите и натаму ги бојкотираат мерките на Владата, кои наидоа на силна поддршка меѓу граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +