Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен криумчар, пронајдени 6 лица мигранти

На 02.03 2023 во 21.20 часот кај Криволак, полициски службеници од Полициското одделение за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Б.Г.(47) од с.Волково, скопско. При контрола на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 6 лица мигранти (3 од Пакистан, 2 од Сирија и 1 од Египет).

Претходно, во 20.30 часот возилото било забележано на регионалниот пат Демир Капија-Неготино, но не застанало на даден знак за запирање. Откако стигнало во Криволак, возачот и мигрантите се обиделе да побегнат, но биле фатени.

Мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар, а за случајот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК