Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: СДСМ е со граѓаните, замрзната цена на лебот од 33 денари е обврска

Соопштение на СДСМ:

Институциите предводени од СДСМ преземаат сѐ за да се заштитат граѓаните и нивниот стандард, во време на глобална економска криза.

Замрзнатата цена на лебот од 33 денари е обврска за производителите и трговците.

Контролите на надлежните институции продолжуваат низ сите градови во државата.

Одлуката за замрзнување на цената на белиот и полубел леб од 450 грама на најмногу 33 денари е оправдана, фер и во интерес на граѓаните.

Освен тоа, оваа цена носи и профит за производителите, имајќи ја предвид помошта од државата во вид на драстично намалена цена на електричната енергија за пекарниците што досега ја добиваа, како и цените на природен гас, на нафта, пченица и брашно.

СДСМ е со граѓаните и нема да дозволи некој да профитира на грбот на граѓаните и да го осиромашува народот.

Можеби ќе ве интересира

Јаневска: вештачката интелигенција е дел од образованието, но улогата на наставниот кадар е незаменлива

ДЕСК

Цветков: Состојбата во земјоделството е алармантна, земјоделците се на раб на егзистениција

ДЕСК

Претседателот Кошта ќе отпатува во Западен Балкан за да се сретне со регионалните лидери и да биде копретседавач на самитот ЕУ-Западен Балкан

ДЕСК