Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Со поддршка од ЕУ и Хрватска успешно заврши проектот за унапредување на рибарството и аквакултурата

Во рамките на Твининг лајт проектот „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“ вчера се одржа завршен настан.

Проектот е финансиран со средства од Европската Унија и имплементиран во соработка помеѓу Министерството за земјоделство на Република Хрватска – Управа за рибарство и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија како главен корисник на проектот. Вредноста на проектот е во износ од 250.000,00 евра и започна со имплементација на 09 мај 2022 година, со времетраење од 10 месеци.

Целта на проектот беше зајакнување на капацитетите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на останатите засегнати институции во поглед на усогласување на правната рамка во делот на пазарното уредување и структурните активности во рибарството и аквакултурата со правото на ЕУ.

Во рамките на проектот изготвен е нов Закон за Финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата и 7 правилници кои произлегуваат од истиот, како и други подзаконски акти. Сите се усогласени со европските ругулативи што беше и целта на проектот.

„Вредноста на проектот изнесува 250.000,00 евра, но вистинската вредност на проектот е многу поголема. Она што сакам да го нагласам е дека, придобивките на проектот се значајни не само за МЗШВ, туку и за целата држава, бидејќи со резултатите на проектот, одиме чекор понапред во усогласувањето на нашето законодавство со законодавството на ЕУ за Поглавје 13-Рибарство, а со тоа и чекор понапред кон нашата стратешка цел – членство во Европската Унија“ изјави министерот Николовски.

Дополнително, преку соработката и активностите во текот на проектот, се подобрија административните капацитети и инспекциските служби се стекнаа со вештини кои во иднина ќе им овозможат подобро да се соочат со предизвиците и поуспешно да ги извршуваат своите работни задачи.

Претставникот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Штефен Худолин, истакна дека е задоволен од постигнатите резултати и посочи дека поддршката на ЕУ продолжува и понатаму за уште многу други проекти и активности на министерството.

Абасадорката на Република Хрватска, Н.Е г-ѓа Нивес Тигањ, истакна дека нашите држави имаат одлична билатерална соработка и дека ваквите проекти придонесуваат за уште поголеми заеднички успеси.

Министерот Николовски упати благодарност до Европската Делегација и Република Хрватска, како и до целиот тим кој беше вклучен во реализацијата на проектот со што се постигна усогласување на законодавтсвото во делот на пазарната политика и структурните активности за рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија, со регулативите на Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК