Centar.mk
БИЗНИСвест

Николоски: Буџетот е во одлична кондиција, имаме 25% помал буџетски дефицит од лани и поголеми приноси

Заменикот министер за финансии Филип Николоски во гостувањето во ТВ21 кажа дека буџетот за 2023 година во моментов е супер ликвиден и во одлична кондиција.

-За јануари и февруари имаме над осум проценти повеќе приноси во буџетот за разлика од истиот период минатата година. Имаме 16 проценти повеќе приноси на основ на данок од личен доход и 30% повеќе од данок на добивка, рече Николоски.

Тој додаде дека во овие два месеца, односно јануари и февруари, имаме 25 проценти помал буџетски дефицит за разлика од лани.

-Извршивме поврат од 120 милиони евра поврат на ДДВ, што е за 17 милиони евра повеќе од лани истиот период, кажа Николоски.

Заменикот министер истакна дека во моментов се работи на два проекта за намалување на сивата економија во Управата за јавни приходи.

-Еден од нив е е-фактурата која ќе стапи на сила од први јануари, заклучи Николоски.

Можеби ќе ве интересира

УЈП со важно известување до граѓаните кои заработуваат од странство – Рокот за пријавување на данок привршува

ДЕСК

Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – Летно сметање на времето

ДЕСК

Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува на 2% и во второто тримесечје од 2027 година

ДЕСК