Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarБизнис

Николоски: Лебот попладнево започна да се дистрибуира, ќе се продава за 33 денари наредни три месеци

Заменикот министер за финансии Филип Николоски во гостувањето во ТВ21 кажа дека Владата им помогнала на компаниите од прехранбената индустрија кога им било најпотребно, но тие не ги исполниле очекувања за намалување на цените на струјата.

– Кога цената на енергенсите, односно на струјата и гасот, беше највисока, во октомври и ноември, ние на барање на 240 компании како Влада помогнавме во производствениот процес со поевтина струја за прехранбената индустрија. Над 300 евра за мегават час беше струјата на берзите во тој период во ноември минатата година, а тие добија до 80 евра за мегават час, што е скоро како за домаќинствата. Од нивна страна, од страна на компаниите, беше ветено дека со ваквата цена на струјата ќе ги намалат цените на производите за 10 до 15 проценти. Поминаа неколку месеци и ние не видовме намалување од страна на овие компании. Затоа решивме лебот да се фиксира на 33 денари, кажа Николоски.

Тој додаде дека за оваа мерка од буџетот беа одвоени три милиони евра пари на граѓаните.

-Од денеска цената е 33 денари и од втората половина на денот леб имаше во маркетите на рафтовите. Овие компании наредните три месеца ќе треба да продаваат по оваа цена од 33 денари, кажа Николоски.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Сè повеќе студенти се подготвени да го напуштат факултетот за да го заштитат своето ментално здравје

Една нова анкета на Галуп објави дека 41 процент од студентите кои моментално се запишани на постсредно програма размислувале да се откажат од студиите во изминатите шест месеци. Овој број… Прочитај повеќе

Летно сметање на времето

Летното сметање на времето во 2023 година започнува на 26 март во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03… Прочитај повеќе

УСЈЕ се приклучи на глобалната иницијатива „Час на планетата земја 2023“

Повеќе од една деценија, Цементарница УСЈЕ е дел од глобалната иницијатива „Часот на планетата земја“. Во сабота, 25 март 2023 година, од 20:30 часот до 21:30 часот, УСЈЕ ќе ги… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен… Прочитај повеќе

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе