23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Коморите мора да бидат проактивен чинител во евроинтегративниот процес на Северна Македонија

Во рамките на работната посета на Брисел, Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба и со извршниот директор на Еурочембрс, г-н Бен Батерс.

На средбата покрај искажаната поддршка од страна на г-н Батерс во евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, двајцата соговорници се согласија дека македонските комори, а особено Стопанската Комора на Република Северна Македонија која е рамноправна членка на Еурочембрс, треба активно да бидат вклучени во евроинтегративните процеси на Северна Македонија.

Од страна на г-н Батерс беше истакната отворена желба за соработка, и беше потенцирано искуството кое претходно го имале со Хрватска која е последна земја членка на ЕУ, каде Хрватската Стопанска Комора користела мноштво од искуството и ресурсите на Еурочемберс со цел ефикасно и ефективно да биде вклучена во евроинтегративниот процес на Хрватска и реално да помогне тој процес да биде изоден во најкраток можен рок.

Вицепремиерот Битиќи информираше дека Владата е отворена за соработка со сите комори, впрочем тој како координатор на платформата за јавно приватен дијалог ќе се залага за се поголемо инволвирање на стопанските комори како активни чинители во евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.

Двајцата соговорници беа согласни дека и Северна Македонија, но секако и земјите од цела ЕУ се соочуваат со голем недостаток на квалификувана работна сила, независно од степенот на квалификациите. Вицепремиерот Битиќи подвлече дека нашата Влада е спремна на соработка со Еурочембрс, преку Стопанската Комора на Северна Македонија да се преземат конкретни мерки и активности со цел овој дисбаланс на пазарот на трудот се повеќе да се намалува, и ние слично како и економиите на ЕУ да почнеме, низ нашиот образовен систем, да креираме се повеќе работници кои се спремни да се приклучат на индустријализацијата 4.0.

Директорот Батерс беше согласен дека е време соработката меѓу Еурочембрс и Стопанската комора на Северна Македонија да се интензивира и дека ова е вистинска прилика овие заложби да почнат да се претворат во конкретни проекти и активности со кои ќе имаме се повеќе граѓани, независно од старосната структура, кои се спремни активно да се вклучат на пазарот на труд.