Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Работна посета и средба на Комитетот за односи меѓу заедниците на АОПЗ

Комитетот за односи меѓу заедниците, заедно со Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија, на 2 март 2023 г. (четврток), ќе оствари работна посета и средба со Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ), со цел реализација на Програмата за работа на Комитетот за 2023 г. за соработка со институции во Република Северна Македонија чија основна цел е остварување на правата на заедниците и поголема интеграција на припадниците на заедниците.

Работната посета и средба со АОПЗ е продолжение на заедничките активности со Комитетот и веќе добро воспоставената меѓусебна соработка која треба да продолжи и постојано да се надоградува и унапредува.