Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

СИЛЕН ВЕТЕР, ДОЖД И ГРАД ВО НАЈАВА: Од среда температурите ќе бидат во опаѓање

Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Прогноза за 01.07.2026
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 30°C до 38°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Прогноза за 02.07.2026
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 29°C до 37°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 03.07.2026
Минимална температура: 12°C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 35°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.