23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Фатмир Битиќи предупредува на мерки за компаниите кои користат субвенционирана енергија и не ги намалиле цените на производите

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, во емисијата „Интервју во ШЕЊА“, зборувајќи за намалувањето на цените, по субвенционирањето на струјата од државата, рече дека за жал, нивото на шпекулации за тоа да се има некоја придобивка е секогаш присутно кај нас.

„Цените се зголемени во шпекулативна мерка од оние кои ги тргуваат се без основа. Затоа што изјавата дека поскапувањето на струјата влијае на крајната цена до тој степен што рекоа и ги зголемија цените, испаѓа дека не е точна. А, за мене ова е шпекулација“, рече Битиќи.

Тој беше прашан како тоа ќе се запрее, додека рече дека еден од начините е со Законот за данок на солидарност кој вчера помина на пленарна седница.

„Со ова сите што имаат екстра добивка ќе имаат данок од 30 отсто за екстра добивката што ја создале“, рече Битиќи.

Битиќи рече дека овие средства ќе се користат за помош на граѓаните преку антикризни средства.

„Сите што добија субвенции за струја од државата, по привилегирана цена, во последните пресметки гледаме колку ги намалија цените, сите што не направиле такво нешто, подготвени сме не само да им прекинеме струја туку да видиме какви ќе бидат мерките“, рече Битиќи.