Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

ДЕТАЛИ: Четири лица, меѓу кои и малолетник, повредени во сообраќајката на автопатот Куманово – Табановце

Четири лица се повредени откако автомобил „Шкода“ вчера вечерта удри во полициски возило на автопатот Куманово – Табановце.

Министерството за внатрешни работи денеска информира за деталите за несреќата.

-На 21.02.2023 околу 20.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Табановце, патничко моторно возило „шкода фелиција“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(41) од село Никуљане, Куманово, удрило во службено возило на МВР, кое било паркирано поради вршење на увид за друг настан. Во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „шкода“, сопатниците Р.Б., АБ, и еден малолетник, констатирани во Општа болница Куманово, информира МВР.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот. Сообраќајот на дел од автопатот беше во прекин до завршување на увидот.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК