Centar.mk
БИЗНИСвест

Потрошувачката на гас во Европската унија е намалена за 19,3 отсто

Во земјите од Европската унија потрошувачката на гас е намалена во втората половина од минатата година, поради невообичаено топлото време, скокот на цените што го намали индустриското производство, како и иницирањето вонредни мерки за борба против енергетската криза, објави Евростат. .

Вкупната потрошувачка на гас во ЕУ е намалена за 19,3 отсто од август до јануари во споредба со петгодишниот просек за истиот период, покажуваат податоците на Евростат.

Русија, најголемиот снабдувач на гас во ЕУ, го прекина најголемиот дел од своите испораки на гас по војната во Украина што започна минатата година, што доведе до енергетска криза во Европа, намалени испораки и рекордно високи цени.

Москва играше на картата на студената зима во Европа и зголемената побарувачка за гас, но тоа сценарио не се случи.

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +