12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Интензивно се работи на реконструкција на улицата Ленинова

Градежните зафати на улицата Ленинова течат со интензивна динамика. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше на увид при поставувањето на атмосферската канализација која досега не постоеше.

„Во моментов за првпат се поставува атмосферска канализација во должина од 516 метри која досега улицата „Ленинова“ ја немаше и поради која често имаше поплави. По ова ќе биде поставена и нова водоводна мрежа во должина од 411 м2. Водиме сметка и за резидентните паркинг места на станарите кои ќе бидат со агол од 45 степени за да се ослободат тротоарите, на кои сега има коли. Планираме и нова велосипедска патека од едната страна на улицата, нови рабници, осветлување, нови канделабри. Каблите кои сега се испреплетени во дивите костени ќе бидат спуштени подземно и во договор со ЈП „Паркови и зеленило“ крошните на дрвјата ќе бидат искроени со цел да не ја попречуваат светлината од канделабрите и не удираат во фасадите на зградите. Исто така по насока на претпријатието старите и исушени дрвја ќе бидат отстранети“, рече Герасимовски.

Инаку улицата „Ленинова“ е долга 510м поради што ќе биде поставен нов асфалт од 4000м2. Ќе има нови пешачки патеки од 4100м2 каде ќе биде поставена нова урбана опрема од клупи и канти за отпадоци, паркинзи за велосипеди на обележана вело-патека на ниво на коловоз од едната страна. За побезбеден сообраќај на две места на коловозот ќе има подигнувања т.н бариери за намалување на брзината.
Општина Центар по улицата „Орце Николов“ прави уште една модерна сообраќајница која е и една од главните артерии кон булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“. По реконструкцијата граѓаните ќе добијат значително намалување на сообраќајниот хаос особено во попладневните часови.

Спонзорирано: