Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Попов: Жртви сме на ретроградни сили, ни треба духовен и европски пресврт

Музичарот Мирко Попов во интервју за „НоваТВ“ вели дека „во континуитет сме жртви на ретроградни мозоци, движења и сили“.

-Загрозувајќи ја европската иднина, ја загрозуваат и воопшто иднината на оваа држава како ентитет на солидно ниво на самоуправа. Нашите луѓе ги сфаќаат и државата и демократијата и слободата здраво за готово. Ме збунува и згрозува потполното отсуство на свест дека го живееме сонот на револуционерите кои го дале својот живот да го имаме ова што го имаме денес. Се колнеме во нив, а го газиме нивното дело. Неодговорни сме и прелесно дозволуваме да бидеме заведени од омраза, ретроградни сили и бесмислени перспективи. Мрзливи сме и недоветни. Такви размазени, прејадени, бушави, недоразбудени од пладневна дремка, се наоѓаме исправени пред сериозни предизвици, смета Попов.

Тој вели дека не гледа друго решение, освен да го задржиме и унапредуваме она што го имаме: својата држава.

-Ни треба пресврт. Европски пресврт, но претходно психички, духовен пресврт. Би морале да почнеме да се сакаме себе си. Другото само ќе си дојде, кажа Попов.

Можеби ќе ве интересира

Со нови 215.000 садници, Халкбанк и оваа сезона ја продолжува иницијативата „Еден милион садници за 5 години“

ДЕСК

Митева како политички незрел потег ја оцени најавата на СДСМ за повлекување од работната група за изборниот законик

ДЕСК

Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД – нашето стратешко партнерство ја зацврстува македонската одбрана и колективната безбедност во НАТО

ДЕСК