Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Попов: Спонтан е нагонот на актуелната градска власт да го збрише МКЦ

МКЦ е функционална институција и тоа навистина им пречи на многумина, оценува музичарот Мирко Попов во интервју на „НоваТВ“.

-Најголемиот број од македонските институции постојат „ради реда“. Седат ништо не работат, земаат плата и чекаат да помине времето. МКЦ Скопје го нарушува тоа правило, ја ништи таа комоција на нашата граѓанска мрзоволност. МКЦ е функционална институција и тоа навистина им пречи на многумина. Оттаму и тенденцијата да ја уништат. Спонтан е нагонот на актуелната градска власт да го збрише ова јадро на младинска, општествена, креативна и уметничка слобода. Да се уништи се што е пристојно во градов и земјава и да се стави под коруптивна контрола. Да нема бранување, особено не позитивно. Да скапеме во мизеријата на криминалниот поредок. Тоа е планот, вели Попов.

Сепак тој истакна дека од друга страна има прекрасна млада генерација која стои како жив ѕид пред налетот на тоа лудило.

-Рамо до рамо со нив и целата алтернативна уметничка сцена на овој град, знаете, оние обесправени, омаловажени, брутално непочитувани и ефтино платени креатори на современата македонска жива култура. Ситуација „ние против нив“: повторно и повторно. Историјата ќе оцени и процени и верувајте ми, ќе биде немилосрдна, кажа Попов.

Можеби ќе ве интересира

Апсење на повеќе локации низ Скопје – полицијата во акција

ДЕСК

Претседателот на Уставниот суд, Костадиновски оствари средба со претседателот на Уставниот суд на Шпанија во Мадрид

ДЕСК

Истрага за загрозување на животната средина со отпадот во Скопје

ДЕСК