Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Богоев: На тероризирањето на опозицијата ќе одговориме со интензвино работење

„Ние како мнозинство соодветно ќе одговориме на тероризирањето на опозицијата во Собранието. Ќе одговориме со интензивно работење, ќе се работи секој ден, до доцни вечерни часови додека не се исцрпи дискусијата“ рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се дискутира во рамките на нормалата, бидејќи одолговлекувањето чини пари, ја кочи државата и на крај ги чини граѓаните.

„Барам од нив да се вразумат, бидејќи ако не се вразумат, ако не ги интересираат државните интереси се грижат само за нивен политички интерес, ќе се работи до доцни вечерни часови додека не се исцрпи дискусијата“ рече Богоев.

Потпретседателот на СДСМ рече дека во криза, кога државата се обидува да штеди, непродуктивно е да се троши на греење и плати за прекувремена работа на службите во Собранието со цел пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да си реплеицираат со истиот говор еден на друг.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Од денеска зголемување на платите во образованието за нови 7,5%, што е дел од колективниот договор

ДЕСК

Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот

ДЕСК

Денеска и утре обилен дожд и силен ветер, од недела стабилно и потопло време

C +