Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Богоев: Целта на жалбата до Стразбур беше иста со целта на аболициите- воопшто да нема судењa

„Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ кои ја поднесоа тужбата во Стразбур беше со истата цел на Иванов кога ја даде аболицијата. Целта беше воопшто да нема судење за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ“ рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека желбата на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ била да не одговараат и воошто да не седнат на обвинителна клупа, па токму тоа и го бараа во Стразбур, да важат нивните аболиции.

„Затоа велиме дека паднаа во вода аболициите. Со ова решение на судот во Стразбур се ослободува од притисок нашето судство, бидејќи тие тука правеа притисок велејќи дека ќе добијат во Стразбур и дека џабе се суди тука“ рече Богоев.

Тој додаде дека сега судовите треба во законска процедура да донесат брзи и ефикасни пресуди.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК