Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Тешка сообраќајка: Се судрија автомобил и автобус, има повредени

На 13.02.2023 во 12.55 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Ф.О.(21) од с.Долно Строгомиште, кичевско и автобус „ивеко“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Џ.Б.(56) од с.Грешница, кичевско.

Во несреќата, возачот од возилото се здобил со тешки телесни повреди, а возачот на автобусот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Можеби ќе ве интересира

НОВ СУДСКИ РАЗВОЈ ЗА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА: Предметот во Тетово повторно во фокусот

ДЕСК

УТРЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БРВЕНИЦА: Вториот круг од изборите е закажан за 1 ноември

ДЕСК

ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ И ПОВЕЌЕ ПАТНИ РАБОТИ – АМСМ со важни информации за возачите

ДЕСК