Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Кривична пријава против скопјанка за сторена „измама при добивање кредит или друга погодност”

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност” по член 249 од Кривичниот законик.

Пријавената, во текот на 2018 година, во три различни банки приложила фалсификувана документација, лажно прикажувајќи дека е кредитоспособна и дека е во редовен работен однос во Министерството за транспорт и врски и на тој начин успеала да ги доведе во заблуда службените лица од трите банки да ѝ одобрат кредити.

На тој начин пријавената се стекнала со противправна имотна корист во вкупен паричен износ од 907.561 денари, измамувајќи ги банките за паричен износ од 300.000, 307.561 и 300.000 денари.

Можеби ќе ве интересира

Рекордни средства за повисоки пензии, подобро здравство, поквалитетно образование – Политиките на Владата насочени кон граѓаните продолжуваат и со Буџетот за 2027, велат од ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК

Продолжуваат вложувањата во образованието, студентскиот стандард и вработувањето на младите, следи и студентска картичка со поволности за студентите

ДЕСК

ДЕНОВИ СО ОБИЛЕН ДОЖД ПРЕД НАС – Пет работи што вреди да ги проверите пред да излезете од дома

ДЕСК