12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Арсовска се огласи за ненадлежна откако Герасимовски и’ укажа дека се распаѓа ѕид на Скопско Кале

За Скопското Кале единствено одговорност има Националната Установа Конзерваторски центар. Надлежностите на градот завршуваат со коловозот и тротоарите на улицата Лазар Личеноски, велат од Град Скопје по објавата на градоначалникот на Општина Центар, Герасимовски, дека сериозно е оштетен потпорниот ѕид на Скопското кале.

„Бидејќи до овој момент до градот Скопје нема пристигнато никаков допис во врска со потпорниот ѕид на Скопското Кале на страната на улицата Лазар Личеноски, ги упатуваме од општина Центар да се приклучат на дописот на градот Скопје до Министерството за Култура и НУ Конзерваторски Центар“, велат од Град Скопје.

Претходно, градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски објави дека екипи извршиле увид во стабилноста на потпорниот ѕид на улицата Лазар Личеновски на Кале за кој стигнале укажувања од граѓани дека може да се сруши.

Станува збор за потпорен ѕид кој е дел од скалите кои видат од улицата Лазар Личеновски до локацијата на Француски гробишта и Амбасадата на САД.

Герасимовски додаде дека со оглед на сериозноста на работите Општина Центар испратила допис до Градот Скопје кој согласно надлежностите го повикаваат да направи увид и да го реши проблемот.

Спонзорирано: