3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Одново ќе му се суди на Даравелски, оти претходната постапка се водела во негово отсуство

Одново ќе му се суди на поранешниот директор на Царина, Драган Даравелски, кој беше приведен на граница поради меѓународната потерница за издржување затворска казна.

„Постапувајќи по барањето и по детална анaлиза на прибавените списи и докумeнтација, Кривичниот совет на 03.02.2023 година донесе решение со кое утврди дека барањето е основано и се дозволува повторување на кривичната постапка против обвинетиот“, соопштија од Кривичен суд.

Тие додаваат дека одново ќе му се суди на Даравелски оти во првата постапка, му било судено во отсуство.

„Имено, во конкретниот случај, советот го ценел чл.3 ст.2 од Втор додатен протокол на Европската конвенција за екстрадиција како и одредбата од чл.424 ст.1 од ЗКП, според која кривичната постапка во која некое лице е осудено во отсуство, а настапила можност повторно да му се суди во негово присуство ќе се повтори ако осудениот или неговиот бранител поднесе барање за повторување на постапката во рок од една година од денот кога осудениот дознал за пресудата со која е осуден во отсуство“, додава Кривичен суд.

Даравелски беше приведен на 10 јануари, годинава, на граничниот премин „Табановце“.

Спонзорирано: