Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

СДСМ: Мицкоски е единствениот што не го поздрави членството во НАТО

Соопштение на СДСМ:

Република Северна Македонија веќе три години е полноправна членка НАТО, а исто толку време Христијан Мицкоски молчи за остварување на една од клучните стратешки цели на држвата.

Мицкоски е единствениот што не го поздрави членството на државата во НАТО, не смогна сили ниту да аплаудира во Собранието при ратификацијата на Северноатлантскиот договор.

Во време на руската агресија врз суверена држава како Украина, јасно е колку е е значајно што државата е членка на НАТО со заштитена безбедност и територијален интегритет.

СДСМ ја оствари стратешката цел за членство во НАТО и продолжува со реализирање и на втората стратешка цел, членство во ЕУ.

Заложникот на Апасиев, Мицкоски не само што не може да се помири со успесите на државата, туку уште попосветено работи против европската агенда.

Мицкоски исто како неговиот ментор Никола Груевски работи против интересите на граѓаните и на државата.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК