Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМА

Утре снег, а од понеделник голема промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за времето

Утре ќе има зголемена облачност со појава на локален слаб снег на планините најпрвин на северот, а потоа слаб снег ќе провејува понекаде претежно во западните планински делови. Преку денот ќе дува и умерен до засилен северен ветер најизразен вдолж Повардарието.

Од понеделник следува период на стабилно време со не многу ниски утринските температури, а дневните до средината на неделата ќе бидат во постепен пораст.

Прогноза за 13.02.2023
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 3°C до 11°C

Умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 14.02.2023
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 4°C до 14°C

Претежно сончево со слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 15.02.2023
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

ТЕМПЕРАТУРИТЕ СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ЌЕ СКОКНАТ И ДО 34°C, НАЈАВЕНО Е И НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните денови

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО СКОПЈЕ: Заталкано зрно оштетило предмет во двор

ДЕСК

МАЈКА ПРИЈАВИЛА НАПАД ВРЗ СВОЈОТ СИН: Инцидент на игралиште во штипско

ДЕСК