Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Гореше куќа во Штип, има повреден пожарникар – интервенираа четири возила и 13 пожарникари

Регионалниот ЦУК Штип известува дека пожар избувнал во 15:00 часот на куќа на ул. „Роза Гапева“ во штипската населба „Сењак“.

Било веднаш интервенирано, но поради силината на пожарот дополнително се повикани уште 2 ПП возила и 7 пожарникари коишто не биле на смена, па вкупно пожарот го гаселе 4 ПП возила и 13 пожарникари.

Пожарот бил изгаснат околу 17,30 часот. Изгорена е кровната конструкција и поткровјето на куќата.
.
При интервенцијата еден пожарникар полесно се повредил.

Екипа од Полицијата – СВР се на лице место, за да ги утврдат причините за пожарот.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Со студентите имавме конструктивна средба којашто траеше два часа за студентскиот оброк и полагањето на правосудниот испит

ДЕСК

Мицкоски: Очекувам победа во Брвеница

ДЕСК

Мицкоски: ДЗС ги објави конечните бројки: растот на БДП е во нагорна линија од 3,8%, тоа е повторно лоша вест за опозицијата

ДЕСК