Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Министерот Спасовски на традиционален ручек со децата и семејствата на загинатите припадници на МВР

Министерот за внатрешните работи Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и началникот на Одделот за специјални операции Митко Даневски, денеска се дружеа со децата на семејствата на загинатите припадници на МВР во Пониква, Кочани за време на неколкудневниот одмор на децата во одмаралиштето на министерството.

На заедничкиот ручек министерот Спасовски го изрази своето задоволство што оваа дружење со децата и загинатите припадници на МВР прерасна во традиција на која имаат можност да се дружат и разговараат за сите актуелни прашања од важност за нив, притоа уште еднаш уверувајќи ги дека во него и раководството на МВР имаат искрени пријатели чие партнерство и пријателство продолжува и се унапредува преку здружението „Херои на Македонија 2001-2015“.

Спасовски и денеска потенцираше пред присутните дека тој како министер секогаш е тука за нив – децата и семејствата на загинатите припадници на МВР и со целосна поддршка во рамки на законските можности и надлежности позитивно ќе одговори на нивните барања и потреби.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК