24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕИЗБОР

Може да го ослаби имунолошкиот систем: Оваа храна треба да ја избегнувате за време на сезоната на вируси

Студеното и зимското време е проследено со сезона на досадни вируси и настинки кои многу ни го отежнуваат функционирањето.

Познато е дека слабиот имунитет е една од клучните причини за добивање на вирус, додека изборот на храна влијае каков имунитет ќе имаме.

Храната која повеќето од нас ја консумираат секојдневно има големо влијание на имунитетот, без воопшто да го сфатиме тоа. Нутриционистите сè почесто предупредуваат за штетното влијание на шеќерот врз нашиот организам и дека треба да го намалиме на минимум.

Истражувањата покажаа дека сто грама шеќер ја намалува способноста на белите крвни зрнца да ги убиваат бактериите и до пет часа по консумирањето. Затоа се препорачува максимално да се избегнуваат слатките, особено во сезоната на вируси и грип.

Исто така, лекарите не потсетуваат дека од клучно значење за силен имунитет е да се консумира доволно количество течност. Старото добро правило, два литра вода дневно, треба да се користи и во зимските месеци. Не чекајте додека не почувствувате жед, бидејќи постојат мислења дека дотогаш телото е веќе дехидрирано, но треба почесто да пиете вода и неколку голтки одеднаш, па да направите пауза, а потоа да ја повторите, дури и кога не се чувствуваат жедни.