Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Од ЕУ годишно добиваме по околу 100 милиони евра, помош за државата да ги изведе тешките реформи

„Годипно добиваме по околу 100 милиони евра само европски пари. Покрај тоа имаме и неколку клучни и стратешки партнери или донатори за развој, покрај ЕУ, како најголем и најважен инвеститор во нашиот развој, како што се САД, Велика Британија, Швајцарија, Шведска, Германија и други“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој додаде дека идејата на Владата е да се продолжи со координација на донаторите и да се доведе во врска со националниот план за развој, со цел долгорочно да се орпеделат приоритетите.

„Секој донатор кога ќе дојде кај нас да има увид во тоа кои се приоритетите, за што имаме обезбедно домашни средства, за што имаме пари од Е и каде се потребни средства. Тоа е важна компонента на развојот и преговорите, бидејќи преговорите и искористувањето на парите одат рака под рака“ рече Маричиќ.

Вицепремиреот додаде дека ИПА средствата и парите за помош се убавото лице на ЕУ интеграции, кои ќе помогнат на државата да ги изведе тешките рефроми.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК