Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Тупанчевски: Потребна е филтрација и проверка на судии, обвинители и функционери, но треба да се договориме за начинот

„Во нашата држава подолго време се заговара ветинг, но пред да стигнеме до ветингот треба да одговориме на неколку прашања. Дали тој ќе биде парцијален, само за судии и обивнители ичи ќе се однесува и на сите избрани и именувани функциинери и дали ќе го парвиме со постојните капацитети или со нови“ рече министерот за правда, Никола Тупанчевски на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој додаде дека во моментов нашата држава располага со капацитети што би можеле да се занимаваат со оваа проблематика.

„Треба да се договориме. Она што не е спорно е дека треба да има филтрација и проверка, но мора да се разговара за начинот на кој ќе го правиме тоа“ рече Тупанчевски.

Министерот за правда рече дека разрешувањето или давањето оставка на судија, обвинител или функционер не е заокружување на процесот, бидејќи тоа треба да биде само иницијалниот дел од она што следи како одговорност.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возач на автобус во тетовско и патник во автобусот, пронајдени непријавени 34.965 евра

ДЕСК

ДОАЃА ЖЕШКО ВРЕМЕ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СКОКНАТ НА 33°C: Најави и за невреме во деталната четиридневна прогноза

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК