Урмите имаат неверојатни состојки освен бакар, калиум, манган, влакна, магнезиум и витамин Б6, тие исто така ги содржат речиси сите витамини.
Еве што би се случило доколку јадете урми секој ден.
Урмите го подобруваат дигестивниот систем, а доколку имате проблеми со варењето на храната, постојан запек, нутриционистите препорачуваат урми, а покрај тоа лекуваат и проблеми како хемороиди.
Во урмите има многу магнезиум, па може да ја ублажи болката и да помогне при оток, но и да го намали артериското воспаление и ризикот од срцеви заболувања, артритис…
Урмите се многу здрави за бременост, дури 69 жени кои биле тестирани имале помалку болки за време на породувањето доколку урмите се консумирале за време на бременоста.
Урмите се богати со високо ниво на магнезиум што помага кога станува збор за проблеми со висок крвен притисок.
Урмите се вистинска суперхрана која го штити организмот од кардиоваскуларни заболувања.
Нејзините здравствени придобивки се многу широки, а ова се најважните 8:
Премногу богати со железо
Урмите се одличен извор на овој важен минерал, поради што се препорачуваат за трудници, деца и луѓе кои боледуваат од анемија.
Спречува дијареа
Урмите се богати со калиум, кој ја олеснува работата на цревата и го поттикнува развојот на добри бактерии.
Третира запек
Урмите освен што спречуваат дијареа, го решаваат и проблемот со запек.
Тие одржуваат витка линија
Доколку сакате да спречите таложење на масни наслаги, обидете се да јадете по неколку урми секој ден на празен стомак. Но, внимавајте да не претерате со урмите – тие се полни со шеќер.
Го регулираат холестеролот
Докажано е дека урмите го стабилизираат нивото на лошиот холестерол, со тоа што ги чистат крвните садови и имаат моќ да го спречат создавањето на згрутчување.
Го зајакнуваат срцето
Редовното консумирање урми ја спречува атеросклерозата, главната причина за срцев удар.
Го регулира крвниот притисок
Доколку страдате од хипертензија, можете слободно да јадете урми, бидејќи тие не содржат натриум и се богати со калиум. Исто така, 6 урми содржат речиси 80 mg магнезиум, што е многу важно за здрав проток на крв.
Спречува мозочен удар
Благодарение на калиумот што го содржи, урмите можат да спречат мозочен удар доколку редовно ги консумирате.